пензионери пензии

Од денеска исплата на јануарската финансиска поддршка за пензионерите, од март ново усогласување на пензиите

Денеска ќе биде исплатена втората од вкупно четирите исплати на финансиска поддршка за пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари.

Минатиот месец, со исплатата на декемвриската пензија, финансиска поддршка од 1.500 денари добија 62.951 лице, чија пензија е до 11.525 денари а по 750 денари добија 65.704 лица, со износ на пензии од 11.526 до 14.000 денари.

Ова не е единствената финансиска поддршка за пензионерите предвидена со антикризни мерки.

Пензионерите во 2023 година влегоа со повисоки пензии за околу 10%. Ова  е историско покачување на пензиите и тоа за период од само една година.

Според најавите на премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, во март следува ново усогласување на пензиите за два месеца за новата 2023 година. За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%.

Претседателот на Владата соопшти дека во буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2023 година, предвиден е трансфер од околу 30 милијарди денари кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, за навремена исплата на пензиите и за усогласувањата предвидени со закон.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …