Соопштение за јавност на СДСМ
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска на дело покажа дека не грижи за граѓаните и покрај тоа што состојбата со аерозагадувањето е алармантна и бара итни решенија.
Тие ја одбија иницијатива поднесена од советничката група на СДСМ за одржување на вонредна седница на Советот на Град Скопје и мерките кои имаат за цел намалување на загадувањето во главниот град.
Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ им се важни само теглите со мед, тендерите, провизиите и бизнис влијанијата, не ги засега што состојбата со аерозагадувањето во Скопје е сериозна, а Скопјани со недели дишат токсичен воздух кој деновиве наместа содржеше ПМ 10 честици и до десет пати повеќе од дозволеното.
Градската власт на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за надминување на загадувањето во Скопје, само ја влошува состојбата и го поттикнува загадувањето.
За една година предизвикаа колапс на јавниот градски превоз, ги намалија за 44 отсто средствата наменети за животна средина, ги нема ветените паркови, депониите не се чистат и никнуваат нови.
ВМРО-ДПМНЕ ја има целата одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје и на скопјани.