струја броило

Од денеска поскапува струјата

Од 1 јули почнува примената на блок тарифите за пресметка на струјата за домаќинствата. Тие се поделени во четири групи и оние кои трошат повеќе струја ќе плаќаат поскапи сметки.

Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима, рече вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината нема да има блок тарифи и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика.

Тој тврди дека кај 59,9 проценти од потрошувачите во зимскиот период зголемувањето ќе биде 6,6 проценти, кај 20-30 проценти ќе биде од 6,6 до 8,7, кај три проценти од 8,7 до 11,2 а кај тие што трошат многу ќе биде од 11,2 до 99-100 проценти.

Опозицијата, пак, смета дека поскапувањето на струјата ќе биде меѓу 17 и 18 проценти. Со новата цена на струјата и новиот тарифен модел, според опозицијата, граѓаните ќе бидат двапати оштетени и ќе горат се што ќе им се најде за да се затоплат оваа зима.

Според првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, мора да се размислува за градење на капацитети со кои ќе се обезбеди базна енергија бидејќи проблемот со производството на електрична енергија испливал на површина во последниве години на криза.

За да се зголеми енергетската независност на државата, потребни се инвестиции во сите обновливи извори – фотоволтаици, ветерни електрани и гасни електрани, смета Бислимоски.

Од 1 јули за првпат се воведуваат четири блок тарифи во скапа струја. Првиот блок е до 210 киловатчаса, кој ќе биде најевтин, вториот од 210 до 630 киловатчаса, третиот од 630 до 1050 киловатчаса и четвртиот над 1050 киловатчаса, кој е најскап.
Досега вкупната цена на скапата струја беше 7,32 денари, а евтината 3,67 денари за киловатчас. Според нашите пресметки, сега скапата струја во прв блок ќе биде 7,72 денари, во вториот 8,07 денари, во третиот 8,66 денари и во најскапиот блок 17,5 денари. Евтината струја ќе биде 3,92 денари.

Прочитајте повеќе

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Наместо реформи гледаме бртална партизација …