Од ковид-19 почина балканската ѕвезда Ѓорѓе Балашевиќ

Од ковид-19 почина балканската ѕвезда Ѓорѓе Балашевиќ

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ денеска почина во Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад, јавуваат весникот „Данас“ и Радио-телевизија Србија. Тој пред неколку дена бил примен на Инфективната клиника со воспаление на белите дробови предизвикано откако бил заразен со корона вирусот. Лекувањето го започнал во домашни услови, а откако му се влошила состојбата, бил префрлен во болница.

Творештвото на Ѓорѓе Балашевиќ започнува пред повеќе од четири децении во тогашна Југославија, поточно во 1977 година. Со неговата прва музичка група „Жетва“, успева да продаде 180.000 плочи што претставувало успех на тогашниот југословенски музички пазар. Во 1978 година, заедно со Верица Тодоровиќ ја формира групата „Рани мраз“. Четири години подоцна, со издавање на албумот „Пуб“ ја почнува својата самостојна музичка кариера.

Вкупно објавил 14 албуми во текот на својата кариера. Познат по своите музички стихови беше на целата територија на поранешна Југославија, но и надвор од неа. Целото негово музичко творештво низ годините е проткаено со политиката, јасно изразувајќи ја неговата личност како миротворец.

Од „Рачунајте на нас“ и „Три пут сам видео Тита“ на почетокот на 80-тите години на минатиот век до албумот „Марим ја..“ и „Деведесете“, Балашевиќ јасно низ стиховите го искажува својот став против војните во Југославија, против национализмот, а подоцна, и против политиките на Слободан Милошевиќ во текот на 90-тите години на минатиот век.

Покрај песните со политички мотиви, меѓу публиката е познат и по љубовните и носталгични песни, но и хумористичните песни кои се проткајуваат низ целата негова музичка кариера.

Балашевиќ редовно настапуваше во Скопје, каде по неколку вечери по ред ја полнеше Универзалната сала до последното место. Тој беше еден од омилените екс-Ју артисти на скопската и македонската публика.

Ѓорѓе Балашевиќ почина на 3 месеци пред да наполни 68 години.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Шефот на израелското воено разузнавање поднесе оставка поради нападот на Хамас

Шефот на израелското воено разузнавање поднесе оставка поради нападот на Хамас

Израелската војска во понеделникот соопшти дека шефот на нејзиниот разузнавачки кор поднел оставка поради неуспехот …