„Од мојата ризница со љубов“ – изложба на Елена Чагороска во прилепскиот Центар за култура

„Од мојата ризница со љубов“ – изложба на Елена Чагороска во прилепскиот Центар за култура

Денеска во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп во 19.30 часот, ќе биде отворена првата самостојна изложба на историчарот на уметност и ликовен уметник, Елена Чагороска. На изложбата Чагороска ќе се претстави со 49 дела со автентичната ликовна експресија.

Според  историчарот на уметност, Викторија Димеска, делата од Елена Чагороска се одликуваат со креативна, разиграна колоритност и непресушна/неисцрпна имагинација.

  • Во многугодишната уметничка исполнетост, таа експериментира со разни техники и со разиграна имплементација ни ја доловува својата ризница. Постојаната инспирација и длабоката фантазија  ја соединуваат со уметноста и ја водат кон нови подизи и експресии на уметничкото платно. Слоевитите и разнобојни намази дополнително ја истакнуваат хармонијата меѓу уметноста и енергичниот дух на авторката. Со примената на богатите текстури, уметницата ја раскршува монотонијата создавајќи контраст и игра меѓу дводимензионалноста и тридимензионалната рамнина на платното. Дијалозите меѓу ликовните елементи и акцентираните контрасти, ја обликуваат севкупната нарација во сложените композиции. Оваа ризница со љубов ја сочинуваат  49 дела изработени во акрил и комбинирана техника, вели Димеска.

Елена Чагороска има дипломирано на Филозофскиот факултет, група историја на уметност со археологија. Од студентските денови објавува статии за уметноста и археологијата во весниците „Нова Македонија“ и „Вечер“, о во 1980 година се вработува во Државен архив во Прилеп. Од 1984 година Чагороска пишува ликовна критика и отвора самостојни и групни изложби на уметници од Прилеп, Македонија и од странство. Активно пишува во тогашниот неделник „Народен глас“, како и во списанието „Деница“.

Чагороска е автор на повеќе трудови од ликовната уметност, а како ликовен уметник од 1980 година до денес има учествувано на повеќе групни изложби на ДЛУП и ДЛУМ и на сликарски колонии.

Првата самостојна изложба на Елена Чагороска ќе биде отворена до 25.05.2023 година.

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …