Бензинска станица

Од ноќеска бензинот поскап за два денара, дизелот за денар и пол

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука, со која од ноќеска се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 отсто.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 2 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за еден и пол денари за литар.

Од ноќеска на бензинските станици малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 денар за литар.

Со новото зголемување, цената на литар бензин Еуросупер БС-95 ќе изнесува 86 денари, додека Еуросупер БС-98 од ноќеска ќе се продава за 88 денари за литар. Дизелот на бензинските станици ќе чини 87 денари за литар, додека екстра-лесното масло ќе се продава по цена од 85 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 денари за килограм и сега ќе изнесува 52,294 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,350 отсто, кај дизелот за 2,503 отсто, кај екстра лесното масло за 2,674 отсто и кај мазутот намалување е за 0,222 отсто.

Прочитајте повеќе

МНР – Макрон уверува дека ненамерно згрешил со „Северномакедонци“

Направена е ненамерна грешка при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија, вакво уверување …