Од патарина во првото полугодие собрани над 18,2 милиони евра

Од патарина во првото полугодие собрани над 18,2 милиони евра

Јавното претпријатие за државни патишта остварило раст на наплатата на патарина во првите шест месеци од годинава. Од овој надоместок се инкасирани над 18,2 милиони евра, што претставува зголемување од 3,6 отсто во споредба со првото полугодие од 2018 година. Ова јавно претпријатие од патарини планира да собере над 44,6 милиони евра во текот на 2019 година, се наведува во Извештаите за финансиското работење за првите два картала од годинава.

Приходите од надоместокот за употреба на патиштата се очекува да остварат позначителен раст во наредниот период, поаѓајќи од фактот дека ЈП за државни патишта во понеделникот ја пушти во функција и новата патарина кај Гевгелија. На почетокот на јули беше воведена и електронската наплата на патарината, од која само во јули е остварен промет од 14.126.731 денари.

Јавното претпријатие за државни патишта во континуитет во изминативе години забележува пораст на наплатата на надоместокот за користење на автопатите во земјава. Лани од патарина биле собрани 40,5 милиони евра, односно за 5 отсто повеќе во однос на 2017 година.

Доколку се остварат овогодинешните планови на ЈП за државни патишта, приходите од патарина годинава ќе бидат речиси двојно повисоки во споредба со прибраните средства од оваа ставка во 2013 година.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ангеловска-Бежоска – Окамура

Средба Ангеловска-Бежоска – Окамура: Независната централна банка е клучна за ценовната и финансиската стабилност

„Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за справување со последната инфлациска епизода, …