Советот на јавни обвинители едногласно донесе одлука да почне постапката за разрешување на Јанева

Советот на јавни обвинители едногласно донесе одлука да почне постапката за разрешување на Јанева

Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека се исполнети услови за да започне постапка за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, информираше денеска по седницата, претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев

„За тоа да го направиме Советот треба да изготви Извештај со утврдена фактичка состојба и да го достави до Собранието, кое, согласно своите надлежности, понатаму да ја продолжи постапката. До овој момент едногласна е одлуката дека ќе започнеме постапка за разрешување, и ќе се обидеме во текот на денешниот ден да го завршиме Извештајот, кој денеска или утре ќе го доставиме до Собранието“, изјави Штерјев.

Тој дополни дека Извештајот ќе содржи еден дел од исказите кои според нив се значајни за Собранието да има перцепција и утврдени факти за да може понатаму да одлучи, да предложи до Советот разрешување или нема да предложи.

„Ќе содржи доволно податоци кои законот ги бара за да може да почне постапката“, дополни Штерјев.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …