Во деновите од претстојниот викенд, од петок 10 септември па до недела, 12 септември, Струга ќе биде домаќин на првиот Балкански шампионат во веслање.
На шампионатот ќе учествуваат веслачи од 7 земји: Грција, Романија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и домаќинот, Република Северна Македонија.
Оваа спортска манифестација, која ќе се одржи со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од ковид-19, е во организација на Веслачката федерација и Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ од Струга.