Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, дизел и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари за литар, а малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 2 денара за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Оттаму одлучиле да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 отсто во однос на одлуката од 26 декември минатата година.
Така, од ноќеска по полноќ литар Еуросупер БС95 ќе чини 79 денари, Еуросупер БС98 – 81 денар, литар дизел гориво Еуродизел БС ќе чини 81,5, екстра-лесното масло за домаќинство ќе чини 80 денари за литар, а мазут М-1 НС ќе чини 40,6 денари за килограм.