Воздухот е „многу лош“ во Струмица, Битола и Кичево заради зголемени концентрации на ПМ10, како и во скопската населба Ѓорче Петров каде се регистрирани зголемени нивоа на ПМ2,5.
Во Скопје, во населбите Центар и Лисиче, како и во Неготино и Прилеп воздухот е категоризиран како „лош“ поради зголемени концентрации на ПМ10, додека во Кочани и Гевгелија заради зголемување на ПМ2,5.
Од ИЈЗ велат дека проади тоа некои луѓе може да почувствуваат здравствени ефекти, а посериозно здравствени ефекти може да почувствуваат луѓе кои припаѓаат на чувствителни групи, како: деца помлади од 5 години, постари граѓани над 65 годишна возраст, а особено бремените жени, лица со хронични заболувања (циркулаторни/кардиоваскуларни заболувања), пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе кои работат на отворено, социјално загрозени катеории граѓани и пушачи чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати.
„Оние со веќе постоечки респираторни проблеми се изложени на особен ризик“, велат од ИЈЗ.
Поради загадувањето на воздухот Институтот за јавно здравје препорачува во градовите со “екстремно лош“ квалитет на воздух да отанат дома ако не треба да излегуваат, да го намалат физичкиот напор особен на отворено и доколку почувствуваат симптоми како кашлица или болки во грлото.
Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност, а бремените жени треба да останат дома, велат од ИЈЗ.
Оттаму додаваат дека луѓето со астма може да откријат дека треба да користат почесто нивниот инхалатор, а ако во случај грааните треба да излезат, да носете маски со докажана ефикасност.
Лицата со хронични заболувања треба редовно да ја земаат терапијата, а по потреба доколку почувствуваат симптоми, веднаш да се јават кај својот матичен доктор или во болница. Исто така треба да се избегнува престој и активности на отворено, како спорт и рекреација, велат од ИЈЗ.
„Ова се однесува не само на чувствителните групи, туку и на децата и младите кои што повеќе време поминуваат надвор на отворено, и особено на лицата кои професионално се ангажирани и работат на отворено. Не ги отворајте прозорците во вашиот дом. Користете прочистувач на воздух без јонизатор, особено за чувствителните лица со астма, хронични заболувања – респираторни или циркулаторни заболувања и мали деца и бремени жени“, велат од ИЈЗ.
За градовите со “лош” индекс на квалитет на воздух, се вели дека секој што ќе чувствува непријатности како што се зацрвенување или печење на очите, кашлица или болки во грлото треба да размисли за намалување на активноста, особено на отворено, да го зајакне имунолошкиот систем со здрава храна со многу овошје и зеленчук.
Се препорачува граѓаните да го посетат матичниот лекар или здравствена клиника ако не се чувствуваат добро и искусуваат какви било негативни ефекти од загадувањето на воздухот.
„Останете дома ако не треба да излегувате. Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, и возрасните со проблеми со срцето, треба да ја намалат напорната физичка активност, особено на отворено, а особено ако искусат симптоми. Бремените жени треба да останат во затворен простор“, велат од ИЈЗ.
Извор: Радио Слободна Европа