Од утре и во БиХ само со лична карта

Утре на сила ќе стапи Договорот меѓу Советот на министри на БиХ и Владата на Република Македонија за условите за патување на државјаните од двете земји, со кој се овозможува државјаните на БиХ и на Македонија да влегуваат во другата земја само со лична карта.

Со ова, македонските државјани сега само со лична карта можат да патуваат сè до границите на Хрватска, односно само со овој документ може да се влезе на териториите на Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и БиХ.

Документот го потпишаа министрите за надворешни работи на БиХ и на Македонија, Игор Црнадак и Никола Димитров на 12 март годинава.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки

„Оваа Влада покажа како се зголемуваат пензиите на системски начин. Донесовме решение за зголемување на …