Ременски: Стратешките интереси, НАТО и ЕУ, се во фокусот на помирувањето и работата на Интерпартиската група

Ременски: Стратешките интереси, НАТО и ЕУ, се во фокусот на помирувањето и работата на Интерпартиската група

Изјава за медиуми на Фросина Ременски, потпретседателка на Собранието на Република Македонија и потпретседателка на СДСМ:

„Морам да кажам дека примарниот дух на оваа дебата што се води помеѓу интерпартиската група се стратешките цели и интереси на Република Македонија, а тоа е заокружување на процесот на уставни измени, добивање на членството за НАТО и секако, важниот процес на отпочнување на преговори со Европската Унија, што искрено очекуваме да отпочнат во јуни следната година.

Сите оние процеси се комплементарни. Секако, она што е интерес на јавноста и на медиумите, и заинтересираните за овој процес и работата на групата, вниманието е фокусирано на Законот за амнестија. Јас можам слободно да кажам дека работните групи и тела имаат мандат, бидејќи го имаат веќе и составот, ги имаат и претставниците од владата што ќе учествуваат во работата на ова тело. Ги имаат сите механизми што им се дадени согласно одлуката, да вклучуваат и други пратеници, правни експерти, да ги вклучат МАНУ, цивилно општество, медиуми, коишто ќе можат да сугерираат и даваат решенија за овој комплексен процес, којшто повторно ќе кажам е во интерес на стратешките интереси на Република Македонија.

Широк е фронтот за дебата, важно е дека сите ние коишто учествуваме и претставуваме политички партии внатре во интерпартиската парламентарна група имаме јасен изразен консензус дека патот на Република Македонија кон помирувањето и релаксирањето на општествено политичката реторика мора да почне од Собранието на Република Македонија, за да може да рефлектира позитивна атмосфера во процесите којшто ќе обезбедат иднина на Република Македонија“.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …