Во чест на Горан Стефановски, прилепскиот театар во Никшиќ ја одигра претставата „Љубовни пози на историјата“

Во чест на Горан Стефановски, прилепскиот театар во Никшиќ ја одигра претставата „Љубовни пози на историјата“

Синоќа во Никшиќ, Црна Гора, на Фестивалот на актерот, ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“  ја изведе претставата „Љубовни пози на историјата„ (Figurae , veneris, historiae) од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска, која прилепскиот театар ја изведе во чест на неодамна починатиот Горан Стефановски.

Публиката и актерите со громогласен аплауз му оддадоа почит на големиот македонски драмски автор, кој зад себе остави дела кои вечно ќе живеат.

Стефановски, кој е добитник на шест награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и две Стериини награди, е автор  на над 30 драми, меѓу кои „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Тетовирани души“, „Кула Вавилонска“ „Баханалии“, како и на култната ТВ серија „Бушава азбука“.

На сцената од прилепскиот театар освен „Љубовни пози на историјата“, поставени биле уште 3 други текстови на Стефановски: „Хај фај“, „Диво месо“ и „Јане Задрогаз“.

Претставата на Стефановски, „Љубовни пози на историјата“, која отвора бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста, на фестивалот во Никшиќ наиде на одличен прием кај публиката.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Заменик- претседателот на Владата, Фатмир Битиќи на својата официјална фејсбук страница имаше реакција на едностраната …