Од утре се укинуваат квотите за лекови во туристичките места

Од утре се укинуваат квотите за лекови во туристичките места

Од утре се укинуваат квотите на лекови во туристичките места во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија, односно лекови на рецепт ќе може да се подигнат без ограничување, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Причината за оваа одлука, е, како што рече Филипче, тоа што , во туристичките места во летниот период поради напливот на гости и брзо трошење на кворите, често се случува локалното население да не може да си ги подигне лековите на рецепт бидејќи предвидените количества биле земани од туристи од другите градови.

Тој смета и дека ова селективно укинување на квотите за лекови во аптеките не ги дели граѓаните на повластени и неповластени, бидејќи тоа прашање не е регулирано со некој закон или со Уставот, туку со правилник на Фондот за здравствено осигурување, кој утрово направил измени.

Според Филипче, ова укинување е најава до целосно укинување на квотите во целата земја, кое би се случило наесен.

Кога тоа ќе се случи, рече Филипче, пациентите ќе може да земат од аптека лекови на рецепт само во свое име, односно ќе мора да покажуваат лична карта.

 

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …