Летно сметање

Од вечерва започнува летно сметање на времето

Во два часот по полноќ, односно на 31 март наутро, започнува летно сметање на времето, што значи дека стрелките на часовникот ќе се поместат за еден саат понапред. Односно, наместо да е два часот, ќе биде три часот, со што утрешниот ден ќе биде за час покус.

Во Северна Македонија важи средноевропското зонско време.

Имаше напори и во нашата држава и во Европската унија да се укине менувањетo од зимско во летно сметање на времето и обратно, но тие останаа неуспешни.

Покрај тоа што ЕУ имаше најавено дека во 2021 година ќе се укинат сезонските промени, тие сепак останаа, пишува Блумберг. Немале доволно ресурси за да се оствари оваа промена во екот на пандемијата и Брегзит.

Тие кои се за укинувањето посочуваат дека се забележува зголемен број на здравствени проблеми и сообраќајни несреќи на деновите кога се менува времето и едноставно не сакаат да се скрати од веќе краткиот ден во зима.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Дубаи документи: Македонска елита со имоти во Емиратите

Јордан Камчев, Душко Чифлиганец, Ристо Секуловски, Бобан Заев се дел од македонските државјани кои имаат …