Одбележана годишнината од загинувањето на народните херои Борка Талески и Лазо Филипоски - Лавски

Одбележана годишнината од загинувањето на народните херои Борка Талески и Лазо Филипоски – Лавски

Со полагање цвеќе на спомен обележјата на народните херои Борка Талески и Лазо Филипоски-Лавски, денеска беше одбележана 78 годишнината од нивното загинување.

Освен пред бистите на Борка Талески во институциите кои го носат неговото име, Градската библиотека и Општата болница, претставници на Општина Прилеп, општинскиот Совет и општинската организација на Сојузот на борци, положија свежо цвеќе и пред бистите на двајцата херои во Алејата на народните херои во Паркот на револуцијата.

Истоа така, делегациите се поклонија и пред спомен бистата на Лазо Филипоски-Лавски, која се наоѓа во подрачното училиште на ООУ „Добре Јованоски“, како и пред споменикот кај месноста Чашка, каде на 2.март 1942 година, Борка Талески и Лазо Филипоски-Лавски биле убиени од страна на фашистичкиот окупатор.

Прочитајте повеќе

Хутите повторно ja нападнаа Саудиска Арабија, додека преговорите за Ормускиот теснец се во застој

Хутите повторно ja нападнаа Саудиска Арабија, додека преговорите за Ормускиот теснец се во застој

Јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, започнаа нов бран напади врз Саудиска Арабија и …