Одобрени уште 3,6 милиони евра кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

Нова група од 337 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста „ЕУзаОтпорност“ од ИПА-програмата, информираат од Развојна банка.

„Вкупно досега, од кредитната линија за која се предвидени средства до 31 милион евра, се одобрени 2.459 кредитни барања, на вкупен износ од 27,9 милиони евра, кои ги исполниле условите од јавниот повик објавен на 7 декември 2020 год.Според структурата на досега одобрените кредитни барања, 1.307 кредитни барања се од мали компании, 945 барања од микро компании, 157 кредитни барања од трговци-поединци и 50 кредитни барања се од занаетчии,“ се вели во соопштението.

Од Развојна банка додаваат дека кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè додека не се исцрпат расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

АНАЛИЗА Внатрешниот долг на сите институции, општини, ЈП-а, здравство, образование, изнесува 408,1 милиони евра

Во десетте најзадолжени се и две јавни претпријатија – ЈП Водовод и канализација – Скопје …