Одржан традиционалниот „Божиќен ручек“ за 500 деца од целата држава

Одржан традиционалниот „Божиќен ручек“ за 500 деца од целата држава

Во организација на Детската Амбасада „За сите деца во светот“, денеска во хотелот „Кристал Палас“ се одржа Божикен ручек за 500 деца од повеќе градови од нашата држава.
Традиционално, Детската Амбасада го додели најпрестижното признание за општествена одговорност „Орден за носител на мирот“, кој оваа година му припадна на Акционерско друштво за производство на лекови, медицинска опрема и материјали „Д-р Пановски“ од Скопје. Покрај оваа награда, на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, компанијата „Кромберг и Шуберт“ и на Трајче Камчески како „Дете амбасадор“, им беа доделени плакети „Пријател на децата“.

„14-ти пат по ред во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, на божиќната трпеза ќе седнат околу 500 дечиња од неколку градови од нашата држава: од Битола, Тетово, Струмица, Крушево како и нашите членови од Детската Амбасада. Од мотото ‘Едно небо за сите деца’, произлегува и пораката да нема насилство меѓу децата, да има толеранција, љубов и разбирање. Оваа година добитник на орденот ‘Носител на мирот’ е акционерското друштво ‘Д-р Пановски’ од Скопје, додека ‘Плакета за пријател на децата’ му доделуваме на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на фирмата ‘Кромберг и Шуберт’ од Битола и на нашето ‘Дете амбасадор’, Трајче Камчески. Сакам да посакам повеќе да се сакаме, да владее мирот меѓу нас“, истакна Александра Северкоска – Стојаноски, Извршен директор на Детската Амбасада „За сите деца во светот“.
„Денеска е еден од најголемите христијански празници, Христовото раѓање. Ова е голем ден за сите наши граѓани, за сите наши верници. Ден на радост, среќа, љубов и взаемно почитување. Чест и задоволство е да се присуствува на еден ваков настан на кој учествуваат повеќе од 500 дечиња од Прилеп и од нашата држава, под мотото ‘Едно небо за сите деца’. Благодарност до организаторите и до признанието кое денеска го добив. Посакувам да има многу здравје и среќа. И во иднина ќе ги поддржуваме ваквите манифестации, а како Општина и јас како градоначалник, ќе стоиме на располагање за се’ она што е позитивно и напредно“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.
Божикниот ручек беше благословен од Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски, г.Петар.
„Чувствуваме голема радост и задоволство што сме и денеска гости на овој свечен Божиќен ручек за децата, бидејќи децата се нашата иднина, наша радост и перспектива. Христос, синот божји дошол меѓу нас како дете и токму ние денеска чувствуваме дека децата се оние што можат да ни ја пренесат љубовта, хармонијата, трпението, толеранцијата. И токму денешниот настан ни испраќа јасна порака како треба да се обединиме без оглед на верата, на тоа од каде доаѓаме, но сите како едно се чувствуваме“, истакна владиката Петар.
Настанот беше збогатен со настап на членовите на танц студио „Зодијак“ од Прилеп, малите ангелчиња Илина и Јована Николовски од Скопје, како и на редовниот учесник на оваа манифестација, Христијан Тодороски.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …