Одржана 39 седница на Советот на општина Прилеп

Одржана 39 седница на Советот на општина Прилеп

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа својата 39-та седница, чиј дневен ред содржеше 43 прашања од интерес на граѓаните.

Покрај финансиските планови на општинските основни и средни училишта, советниците донесоа Одлука за ослободување од партиципација на триесетина деца од 3 до 6 годишна возраст од ромската етничка заедница, за престој во детските градинки на ЈОУДГ „Наша иднина“.

Истовремено, едногласно беше усвоена и Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на приоритет на проектите за изградба на секундарна мрежа за фекална канализација во населеното место Мало Коњари, реконструкција на главниот довод од „Пашоски ливади“, собирна шахта за Прилеп, како и реконструкцијата на старите градски извори „Лековски извори“.

„Денеска донесовме повеќе Одлуки кои се однесуваат на легализирање на бесправно изградени објекти од страна на граѓани на општина Прилеп, измена и дополнување на основниот проект за мрежа за фекална канализација – секундарна мрежа и пречистителна станица во населеното место Мало Коњари, како и на основните проекти за реконструкција на главниот довод од ‘Пашоски ливади’, собирна шахта за Прилеп и на старите градски извори – ‘Лековски извори’“, изјави претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски.

На денешната седница советниците дадоа позитивно мислење за статутите на основните и средните училишта и за Програмата за измена на Програмата за уредување на градежно земјиште на територијата на општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …