Јустиција ОЈО Првобранителство суд

ОЈО: Истрага против наставник од Струмица за полов напад врз ученичка

Наставник од Струмица извршил полови дејствија врз ученичка која сѐ уште немала наполнето 14 години. Според струмичкото Обвинителство кое против наставникот отвори истрага за полов напад врз дете, тој во два наврати во спортската сала на училиштето ја допирал и ја бакнувал.

Наставникот, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа на ученичката ѝ испраќал и пораки со експлицитна сексуална содржина, соопшти надлежното Обвинителство.

По барање на обвинителството на 40-годишниот наставник му е определен притвор притвор во траење од 30 дена.

За делото за кое е обвинет наставникот според член 188 став 1 од Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од најмалку 12 години.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …