Онколошките пациенти

Онколошките пациенти со апел да се пријават сите злоупотреби на Клиниката за онкологија

Тројца онколошки пациенти денеска беа примени на разговор во Јавното обвинителство, од страна на Гаврил Бубевски, основен јавен обвинител на ОЈО, Ана Гоговска, надлежен јавен обвинител за предметот и Билјана Арсовска, советник-портпарол на Јавното обвинителство.

Овие пациенти, како што веќе објави Мета.мк, секојдневно во 19 часот протестираат пред обвинителството, со барања за вина и одговорност, а во однос на сомнежите дека на Клиниката за онкологија се вршеле злоупотреби со лековите, а особено со скапата биолошка терапија која наводно била препродавана на црниот пазар.

Онколошките пациенти во обвинителството ги пренеле сите нивни стравови и проблеми, посочиле кои лекови недостасуваат или недостасувале на онкологија и побарале истрагата да биде длабока, детална и да се врати години наназад. Тие доставиле цела листа со барања, а од обвинителите добиле одговор дека на предистрагата работат двајца јавни обвинители истовремено, поради обемот и сериозноста на случајот.

„Добивме апел кој треба да го слушнат сите онколошки пациенти. Не молчете, сега е вистинскиот момент да ја кажете вашата приказна, вашата мака. Отворено ве повикуваме, не се плашете. Придружете ни се, дојдете на следната средба, споделете ја вашата приказна, дајте личен придонес, воедно ќе им помогнеме и ним да ја вршат истрагата. Или истото направете го на следниот телефон 076 304-872 на овој телефон ќе бидат запишани вашите податоци по што ќе ве контактира јавен обвинител или преку електронска пошта osnovnojavnoobvinitelstvo.skopje@jorm.mk“, порачаа пациентите по средбата.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …