Опожарен автомобил на сопругата на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов

Опожарен автомобил на сопругата на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов

На улицата Петре Пирузе во Скопје ноќеска настанал пожар во автомобил „ауди“, во сопственост на правно лице, соопшти МВР за „Мета“, појаснувајќи дека од пожарот зафатени биле и автомобили „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на друго лице.

Всушност, прв опожарен бил автомобилот што го возела сопругата на поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов, потврди тој во медиумите. Од пожарот посилно бил зафатен „пасатот“ на соседот на семејството Шилегови.

И додека од МВР велат дека е извршен увид и се работи на расчистување на случајот, самиот Шилегов во изјава за медиумите појасни дека нема индиции дали некој стои зад пожарот и дека тој и неговата сопруга биле изненадени од пожарот.

Пријавата во МВР била примена во 3.20 часот рано утрово.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …