Опожарена викенд куќата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп

Опожарена викенд куќата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп

Синоќа нешто после 22.00 часот, опожарена била викенд куќата на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески.

Според информацијата на командирот на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, Станко Колески, пожарот се случил во објект кој се наоѓал во месноста викана „Кула“.

Колески вели дека во Територијалната противпожарна единица настанот бил пријавен во 22.21 минута. Интервенирано било со 2 возила и 6 пожарникари, а пожарот бил локализиран 30 минути после полноќ.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека нема повредени лица и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …