Опозициските градоначалници на Истанбул и Анкара прогласија победа, Ердоган го призна поразот

Опозициските градоначалници на Истанбул и Анкара прогласија победа, Ердоган го призна поразот

Актуелните опозициски градоначалници на Истанбул и Анкара прогласија победа на локалните избори во понеделник (1 април), што значи дека партијата на турскиот претседател губи во двата најголеми града во земјата.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кандидат на главната турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), прогласи победа, велејќи дека води со повеќе од еден милион гласови по преброените 96 отсто од гласачките ливчиња.

Градоначалникот на Анкара, Мансур Јавас, исто така од партијата ЦХП, прогласи победа во тој град.

„Изборите завршија, ние продолжуваме да им служиме на Анкара и нејзините шест милиони жители без дискриминација. Оние кои го игнорираа испратија јасна порака до оние што ја водат оваа земја“, рече тој.

АФП пренесува дека турската опозиција е на пат да извојува голема победа во целата земја“.

По пребројани 79 отсто од гласовите, пишува агенцијата, Имамоглу има 50,5 отсто, додека неговиот главен противник од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) има 40,7 отсто.

Гласачите одлучија да го променат ликот на Турција, рече лидерот на ЦХП, Озгур Озел.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека локалните избори во Турција биле завршени на „начин што доликува на нашата демократија“, опишувајќи ја демократијата и националната волја како „победник на изборите“.

Поддржувачите на опозицијата ги прославуваат изборните резултати во Истанбул и Анкара
Поддржувачите на опозицијата ги прославуваат изборните резултати во Истанбул и Анкара

„31 март не е крај за нас, туку пресвртница. На изборите за локалните власти турскиот народ уште еднаш ја искористи гласачката кутија како можност да ги пренесе своите пораки до политичарите“, рече Ердоган во своето обраќање до граѓаните.

Без разлика на резултатите, победник на овие избори е пред се нашата демократија, националната волја“, рече тој.

Ердоган, кој беше на власт повеќе од две децении, беше ангажиран во кампањата, особено во Истанбул, економскиот и културниот центар на земјата, чиј градоначалник беше во 1990-тите.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Хари Потер замок

„Хари Потер замокот“ во Одеса бомбардиран, најмалку пет убиени

Зградата со необичниот прекар е дел од академијата за право на поранешниот пратеник Серхиј Кивалов, …