Општина Крушево ќе ги прикаже филмовите на Милчо Манчевски, кои режисерот бесплатно ги отстапи на емитување

Познатиот македонски режисер Милчо Манчевски, на Општина Крушево бесплатно и’ отстапи дел од своите филмови, со цел истите да бидат емитувани како дел од настаните организирани во рамки на годишната програма за култура.

„Испраќам срдечна благодарност до режисерот Милчо Манчевски, кој ги отстапи филмовите на наше користење и истовремено овозможи преку нашите настани да ја промовираме македонската филмска продукција и самиот режисер“, изјави градоначалникот Христоски по подигнувањето на филмовите од „Банана филм“ ДООЕЛ продукција.

Филмовите кои Општина Крушево ќе ги прикажува во рамките на културното лето, се „Мајки“, „Пред дождот“, „Сенки“ и „Прашина“.

Првиот филм ќе биде емитуван како дел од фестивалот When in Krusevo, кој ќе се одржи од петок до недела, односно од 21 до 23 јуни, додека останатите ќе бидат прикажани како дел од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“, како и во други културни манифестации организирани од Општина Крушево.

Прочитајте повеќе

Ковачевски – О’Брајан: Северна Македонија е пред клучен момент да ги осигура европските перспективи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска одржа тет-а-тет средба со помошникот државен секретар на САД …