Општина Прилеп се вклучува во еко акцијата „Час на планетата Земја“

Општина Прилеп се вклучува во еко акцијата „Час на планетата Земја“

Вчера на плоштадот во центарот на градот, Општина Прилеп имаше свој штанд како најава на еко-акцијата „Час на планетата Земја“. На граѓанките и граѓаните им беа делени флаери со информации за настанот што ќе се одржи на 24 овој месец. Општина Прилеп е во редот на општините во Македонија што ја поддржуваат оваа активност наменета за заштеда на електрична енергија и зголемување на зелениот појас. Според агендата за овој настан, Општина Прилеп ќе засади дваесетина садници на локација на патот за манастирот Трескавец, во т.н. „Парк на планетата Земја“.
Во вечерните часови поточно од 19.30 часот ќе се одржи трка како знак на поддршка на овие еколошки активности, која што ќе финишира до 20.30 часот. На најдобрите учесници во женска и машка конкуренција ќе им бидат врачени плакати и скромни подароци од Општина Прилеп. А, во соработка со подмладокот на о.о. на Црвен Крст – Прилеп во Паркот на Револуцијата ќе биде исклучена струјата од 20.30 до 21.30 ч. кога всушност е и „Часот на планетата Земја“. Во тој момент младите ќе запалат свеќи означувајќи го часот „60+“ со порака за заштеди на електричната енергија. Општина Прилеп апелира до своите граѓани во тој период да ја редуцираат потрошувачката во своите домови, давајќи свој придонес кон оваа еколошка акција.
Во Општина Прилеп во тек е пријавувањето на учесниците за најавената трка.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …