Општина Прилеп воведува двосменско работење, од 8 до 20 часот
DCIM100MEDIADJI_0019.JPG

Општина Прилеп воведува двосменско работење, од 8 до 20 часот

Согласно најновите одлуки за заштита од Ковид-19, донесени од Владата на Република Северна Македонија, почнувајќи од утре, вторник, 27 октомври 2020 година, службите на Општина Прилеп ќе работат во две смени.

Вработените во секторите и одделенијата на Општина Прилеп, ќе функционираат според двосменски систем на ротација од по 8 часови, од кои 6 часа работа со физичко присуство, а 2 часа он лајн, електронски.

Според новото работно време, граѓаните ќе можат непречено да ги добиваат услугите на ЕЛС Општина Прилеп, секој работен ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.

Согласно актуелните протоколи за заштита од коронавирусот, при влез во институцијата, граѓаните ќе треба да ги дезинфицираат рацете и да носат заштитна опрема за покривање на устата и носот, односно маска, марама или шал.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …