Општинскиот штаб за управување со кризи донесе нови мерки за справување со коронавирусот

Општинскиот штаб за управување со кризи донесе нови мерки за справување со коронавирусот

На вечерашниот состанок на Општинскиот кризен штаб, свикан на барање на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, се расправаше за новонастанатата ситуација после Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, од утре, недела 22 март 2020 година, во времето од 21.00 до 06.00 часот, да воведе полициски час.

После одржаниот состанок, Општинскиот кризен штаб ги донесе следните мерки:

  1. Се забранува собирање на повеќе од 5 лица, особено на младите, во парковите во градот, излетничките места и викендиците во околината на градот
  2. Се заострува контролата при влезот на возила од сите четири правци, при што секое возило кое влегува во градот ќе биде дезинфицирано
  3. Се укинува Јавниот градски превоз
  4. Ќе се врши континуирана дезинфекција на улиците во градот и населените места.

Истовремено, градоначалникот Јованоски упати апел до граѓаните, доколку забележат случаи на непочитување на мерките донесени од страна на Владата и Општинскиот кризен штаб, да ги пријават во МВР на број 192.

Прочитајте повеќе

Тренчевска Европска иднина е иднината на нашата држава

Тренчевска: Европска иднина е иднината на нашата држава

Коносителката на листата за пратеници во изборна единица 4, Јованка Тренчевска на граѓанскиот митинг во …