Орбан: Груевски е сојузник на унгарскиот народ

Орбан: Груевски е сојузник на унгарскиот народ

„Без поранешниот македонски премиер, ќе беше многу потешко да ја одбраниме границата на Унгарија од мигрантскиот бран и покрај тоа што изградивме ограда. Тој и тогаш побара помош и ние му помогнавме“, рече унгарскиот премиер, Виктор Орбан за време на гостувањето во унгарското радио „Кошут“, додавајќи дека Груевски не е само негов сојузник, туку и сојузник на унгарскиот народ.

„Човекот искрено ги третира своите сојузници“, рекол Орбан несакајќи да открие со какви документи Груевски влегол во Унгарија.

За време на гостувањето, првиот човек на унгарската влада нагласил дека во 30 годишната демократија на Унгарија ова не е првпат во земјата да се примат важни луѓе, но оти никој од нив не бил на нивото на Груевски, повторувајќи го својот став дека тој е поранешен лидер на блиска држава клучна за мигрантскиот коридор кон Унгарија.

Орбан рекол дека зад прогонот на поранешниот македонски премиер јасно ги видел организациите на Џорџ Сорос, кои, како што рекол, постојано ги следат трагите на Груевски.

Во однос на поведението и деликтите на екс-премиерот Груевски во Македонија, Орбан рекол дека Унгарија мора да се држи подалеку од нив и оти правните процедури не може се  исклучат, но оти треба да се овозможи праведен третман

„Постојат комплицирани битки, рекол Орбан, нo дека сите се дел од правото.“

Извор: Алсат

Прочитајте повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Заменик- претседателот на Владата, Фатмир Битиќи на својата официјална фејсбук страница имаше реакција на едностраната …