Оскаровската шлаканица на Вил Смит и последиците

Вил Смит пред милиони гледачи му удри шлаканица на Крис Рок – откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на Смит. Актерот се извинува за скандалот на Оскарите, организаторите ги разгледуваат можните последици.

Холивудската ѕвезда Вил Смит му се извини на колегата актер Крис Рок откако му удри шлаканица на 94-то доделувањето на наградите Оскар, кога комичарот се пошегува на сметка на сопругата на Смит.

Смит во објава на Инстаграм напиша дека неговото однесување на свеченоста било „неприфатливо и непростиво“. „Сакам јавно да ти се извинам, Крис. Не бев присебен и погрешив“, напиша тој.

За време на својот говор Рок се пошегува на сметка на Џејда Смит поради нејзината избричена глава. Шегата тешко му падна на Смит, бидејќи неговата сопруга веќе некое време се бори со болеста поради која на делови од главата останува без коса, за што и јавно зборуваше.

„Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравствената состојба на Џејда беше премногу за мене и реагирав емотивно. Се срамам и моите постапки не укажуваат на човек каков што сакам да бидам“, порача Смит.

Академијата на филмски уметности и науки, која брои 9.900 члена, ја осуди постапката на Смит порачувајќи дека го разгледува инцидентот.

„Официјално започнавме истрга за инцидентот и ќе ги истражиме последиците во согласност со нашиот правилник, стандардите на однесување и со калифорнискиот закон“, соопшти Академијата.

Кршењето на правилникот можат да резултираат со суспензија или со исфрлање од Академијата, со одземање на наградата или со суспензија за идни награди.

САГ-АФТРА, синдикатот кој ги застапува актерите, ги нарече постапките на Смит „неприфатливи“ и рече дека е во контакт со Академијата и со телевизиската куќа АБЦ „за да се осигура оти ова однесување ќе се реши на соодветен начин“.

Смит на ова доделување на наградите освои Оскар за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …