Битиќи Нови мерки

Битиќи: По растот на минималната плата на 18.000 денари ќе следува усогласување на платите во сите сектори

Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во емисијата „Анализа 24“ на ТВ 24 порача дека по зголемувањето на минималната плата, ќе следува усогласување на сите останати плати согласно законските рокови.

„Ние кажавме да, ќе има 18.000 денари минимална плата затоа што тоа е праведно, правично и солидарно и како солидарно општество мора да го направиме и се согласивме сите дека кога заврши минималната плата дека ќе го почитуваме членот 8 дека ќе има усогласување затоа што тоа е доблесно и ние мораме да бидеме конзистентни во спроведување на законите кон сите. Тоа значи ќе ги нивелираме минималните плати, дека во јавниот сектор нема да има плати кои што се под минималната плата и усогласувањето ќе оди според членот 8 од Законот за минимална плата, истиот тој член вели дека има период на усогласување“ посочи Битиќи.

Битиќи потсети дека во изминатите години, со растот на минималната плата, соодветно растеле платите во сите сектори.

„Ако одиме по сектори, податоците за раст на платите се следни: Шумска полиција зголемување од 30 отсто во 2021 според колективен договор, АНБ и Агенција за разознавање согласно соодветните закони имаме зголемување од 20 до 25 отсто од 2019 до 2021 година, во Катастарот зголемување од 5 до 30 отсто во 2019 година за геодети информатичари, во казнено поправните домови од 25 до 30 зголемување согласно Законот, во образование по 5 отсто зголемувања во 2018, 2019, 2020 и по 10 отсто. Со законот кој што е заглавен во собрание за дополнителни 5% од септември“ истакна Битиќи потсетувајќи дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со месеци го блокира Законот за наставници и стручни соработници и го повика Синдикатот за образование и наука, таму да изврши притисок.

Потпретседателот Битиќи истакна дека Владата презема навремени и ефикасни мерки за справување со кризата преку пакетот антикризни мерки вреден 400 милиони евра, од кои 90 милиони евра се помош за граѓаните, а 310 милиони поддршка за домашната економија.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …