Османи – Могерини: Наредните часови можат да бидат клучни за исходот од преговорите

Османи – Могерини: Наредните часови можат да бидат клучни за исходот од преговорите

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, во рамките на дводневната посета работна посета на Брисел, остварија средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

На средбата, Османи ја информирал Могерини за новиот реформски план „18“, со кој Македонија останува посветена на реформскиот процес и по добивањето на препораката и позитивниот извештај на Европската комисија.

„Планот „3-6-9“ создаде солидна основа и подготовка за имплементација на суштинските и долгорочните реформи во насока на приближување на нашето општество со европското, при што, „планот 18“ претставува логично продолжение на реформската агенда на Владата за системска координација и следење на имплементацијата на овие реформи, се до почетокот на преговорите“, истакна Османи.

На средбата, Османи информирал и за остварениот напредокот во односите меѓу Македонија и Грција.

„Имаме сериозен напредок и како никогаш порано двете земји не биле поблиску до решение. Наредните часови можат да бидат клучни за исходот од преговорите и се надевам дека евентуално позитивниот исход ќе создаде атмосфера за продлабочување на односите меѓу Македонија и Грција, како и услови за забрзано продлабочување на евроатланската перспектива на Македонија“, додаде Османи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …