Османи утре во Лондон на состанок со министрите за надворешни работи од Западен Балкан

Османи утре во Лондон на состанок со министрите за надворешни работи од Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре, на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи од Западен Балкан што ќе се одржи во Лондон.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, на состанокот како специјални гости се поканети Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Мирослав Лајчак,  посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина и Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан.

Во програмата на Османи се предвидени и одвоени билатерални средби со Лиз Трас, Габриел Ескобар, Стјуарт Пич и Мирослав Лајчак, а ќе се сретне и со Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на британскиот премиер Борис Џонсон.

Главна тема на дискусија на состанокот ќе биде Западниот Балкан од аспект на економскиот развој и регионална интеграција, можностите за зголемување на трговската соработка, евро-атланската перспектива, борбата против пандемијата и предизвиците на регионалната безбедност.

Прочитајте повеќе

Полициска акција во затворот Идризово

Полициска акција во затворот Идризово

Во најголемиот затвор ,,Идризово” во Скопје, денеска биле извршени претреси. Од обвинителството ја потврдуваат акцијата, …