Осумдесет и една година од холокаустот на македонските Евреи

Осумдесет и една година од холокаустот на македонските Евреи

Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот Треблинка.

Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани Евреи од земјава во скопскиот Монопол. Како што е најавено, цвеќе ќе положат и ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претседателот на ЕЗРМ Пепо Леви и амбасадорката на Израел во нашата држава Симона Франкел.

Бројни делегации потоа ќе оддадат почит на Могилата на депортираните Евреи од Македонија и на Споменикот на паднатите борци од НОБ на Градските гробишта „Бутел“.

Претседателот Пендаровски ќе се обрати и на комеморативната вечер, која во спомен на депортираните македонски Евреи ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Годинава комеморативната програма почна од 9 март 2024 година и опфати повеќе активности во Битола и Штип.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …