Осумтемина ученици и нивниот ментор безбедно се вратија дома од Турција

Осумтемина ученици и нивниот ментор безбедно се вратија дома од Турција

Деветте државјани на Република Северна Македонија кои беа затекнати во областите во Турција погодени од земјотресот, утрово пристигнаа во земјава и се во добра здравствена состојба, информира Министерството за надворешни работи (МНР). Станува збор за осум ученици и нивен наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Република Турција.

„Веднаш штом беше идентификувана групата, на лице место во загрозениот регион беше испратен дипломат од амбасадата во Анкара, заедно со дополнително возило, за да асистира во повлекувањето на групата сѐ до упатување кон земјава. По првичната медицинска санација на две лица кај кои беа констатирани повреди, групата беше упатена најпрво во Анкара, а потоа во Истанбул каде беше обезбедено сместување, дополнителна медицинска нега и одмор“, информира МНР.

Оттаму додаваат дека засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција.

„Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба. Дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, како и СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732“, наведено е во соопштението на МНР.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …