дизел

Откако вчера поевтини Еуросупер 95, од ноќеска поевтинува и бензинот Еуросупер 98

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) денеска донесе одлука за поевтинување за 2 денара по литар на ЕУРОСУПЕР БС-98, а за 2,5 денара Екстра-лесното масло за домаќинство.

Новите цени на овие две горива ќе бидат на сила по полноќ.

Денешната одлука следи по вчерашната одлука за поевтинување на другите две горива од соодветната категорија – за два денара по литар да поевтинат Еуросупер БС-95 и Еуродизелот.

Со денешната одлука, од првата минута на утрешниот ден, цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 81,5 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 83,5 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 75,5 денари/литар
Масло за горење Екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) = 74 денари/литар
Мазут М-1 НС = 39,779 денари/килограм

Прочитајте повеќе

Експлозија во Цетиње, двајца загинати, тројца повредени

Експлозија во Цетиње, двајца загинати, тројца повредени

Во Цетиње денеска била активирана експлозивна направа при што загинале две лица, а три биле …