Отворена изложбата на Анита Јовеска Сот „Повторна средба“

Отворена изложбата на Анита Јовеска Сот „Повторна средба“

Синоќа во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков” во Прилеп, беше отворена изложбата „Повторна средба” од прилепската уметница Анита Јовеска Сот.

Изложата ја отвори историчарот на уметност Викторија Димеска, која нагласи дека делата пренесуваат енергичност која длабоко проникнува во нескротливата природа на ликовите, жедни за живост и динамичност.

Нивните погледи продираат длабоко под прагот на свеста, вовлекувајќи ги заинтригираните посетители да нурнат во таинственото море од мистерии, минувајќи низ емотивен катарзичен процес.Со миговното чувствено осознавање на нивната самобитност, ликовите оживуваат и умешно ја откриваат својата есенцијалност од очите на набљудувачот. Разновидната сликарска палета на Јовеска е богата со вибрантни и контрастни бои, кои ги оживуваат изразите на ликовите и ја брануваат перцепцијата на посетителот – рече Димеска на отворањето на изложбата на Анита Јовеска Сот.

Прочитајте повеќе

Мајкрософт

Голем број банки, аеродроми и медиуми погодени од глобален прекин од „Мајкрософт“

Широко распространет прекин поврзан со работните станици на Windows ги погоди големите компании, вклучувајќи ги …