ОТВОРЕНО ЛИЗГАЛИШТЕТО ВО БИТОЛА
SONY DSC

ОТВОРЕНО ЛИЗГАЛИШТЕТО ВО БИТОЛА

На површина од 550 метри квадратни, на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“, Битола  доби нов спортско – рекреативен простор, на кој битолчани оваа зима ќе можат бесплатно да се лизгаат.

На првиот работен ден, интересот на битолчани за лизгалиштето беше многу голем, што особено важи за најмладит, кои во голем број го чекаа својот ред. Работното време на лизгалиштето е од 10.00 до 22.00 часот, а за редот се грижат задолжени лица кои ја даваат и собираат опремата. Издавањето на опремата за лизгање се врши со документ за идентификација.

„Лизгањето ќе се врши во групи од 30 – 50 лизгачи во точно определен интервал од половина час, со пауза од 15 минути помеѓу интервалите, со цел истото да може да се уреди за следното лизгање. Имајќи предвид дека лизгањето е бесплатно, ги замолуваме граѓаните да ги почитуваат препораките на лицата одговорни за лизгањето, посебно на лицата кои издаваат лизгалки, како и да го почитуваат времето на лизгање. За време на лизгањето, задолжително е носење на зимски алишта, особено ракавици. Секоја злоупотреба на лизгалките или нивна кражба ќе биде санкционирана“, изјави директорот на ЈППЈЛП, Зоран Дојчиновски.

Лизгалиштето е донација од Агенцијата за млади и спорт, а подготвителните активности до неговото ставање во функција, ги заврши Општина Битола во соработка со јавните претпријатија.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …