Касарната „Мирче Ацев“ ја одбележа 77 годишнината од загинувањето на својот патрон

Касарната „Мирче Ацев“ ја одбележа 77 годишнината од загинувањето на својот патрон

Со положување цвеќе пред бистата на Мирче Ацев и презентација на дел од опремата и вооружувањето, касарната „Мирче Ацев“ ја одбележа 77 годишнината од загинувањето на својот патрон.

Пред бистата на народниот херој, цвеќе положија делегации на гарнизонот „Мирче Ацев“, Првата пешадиска бригада, организацијата на Сојуз на борци од Прилеп, претставници на Општина Прилеп и општинскиот Совет како и на Гимназијата „Мирче Ацев“.

Во своето обраќање, командантот на касарната, потполковник Ѓорѓи Василески ја потенцираше вербата на Мирче Ацев дека партизанските единици на агресорот можат да му се спротивстават само со добро организирани единици и здружени формации.

„Неговата верба и убедување дека само со добро организирани единици и здружени формации ќе успее да се спротивстави на агресорот, ние старешините и војниците и денес ја споделуваме. Оваа година, токму во една таква здружена организација влегуваме како 30 земја членка. НАТО сојузот, впрочем ја дели истата идеја на Мирче, дека само здружени и добро организирани ќе може да му се пркоси на секаков облик на закана, било да е конвенционална или неконвенционална. Делувајќи заеднички и споделувајќи различни искуства со многу други, во иднина не’ прави да сме посигурни и побезбедни. Довербата која армијата ја ужива кај својот народ секојдневно ја зголемуваме и потврдуваме со нашето присуство на границите во справување со мигрантите, но и во моментите при справување со елементарни непогоди“, истакна потполковник Василески.

За животниот пат и револуционерното дело на Мирче Ацев говореше историчарот Илија Велкоски, а одбележувањето на патрониот празник со пригодна програма го збогатија учениците на прилепската Гимназија „Мирче Ацев“.

Прочитајте повеќе

Камшикот, од блиску дојде

Камшикот, од блиску дојде

Сумираната парола од вчерашните избори е „ви помина ли меракот?” Бидејќи, Македонија вчера гласаше „против“. …