Оздраве полковникот на АРМ кој од Африка беше префрлен на лекување од ковид-19 во Скопје

Оздраве полковникот на АРМ кој од Африка беше префрлен на лекување од ковид-19 во Скопје

Потполковникот на Армијата на Северна Македонија кој од Централноафриканската Република беше префрлен во Скопје и се лекуваше на Инфективната клиника е сосема излекуван и од денеска е дома. По 22 дена поминати на лекување на Инфективната клиника, припадникот на АРМ кај кого беше детектиран нигериски сој на ковид-19, е оздравен.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил напиша дека тој набргу ќе се врати меѓу своите колеги, на своите должности во Армијата.

Инаку, потполковникот на Армијата на 12 мај годинава беше транспортиран во земјава, откако се заболе од ковид-19 во Централноафриканската Република каде учествувал како припадник во тамошната Европска мисија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Образованието е најважната алатка за отпорност кон дезинформациските кампањи

Образованието е најважната алатка за отпорност кон дезинформациските кампањи

Процесот на дигитализација создава значајни можности за развој, но истовремено носи и зголемени ризици кои …