Озлогласениот Инстаграм инфлуенсер од Нигерија осуден на 11 години затворска казна во САД

Озлогласениот Инстаграм инфлуенсер од Нигерија осуден на 11 години затворска казна во САД

Озлогласениот инфлуенсер на Инстаграм од Нигерија, „Hushpuppi“, чие вистинско име е Рамон Абас, доби затворска казна од повеќе од 11 години во САД поради неговата улога во меѓународна измамничка шема, пренесе Би-Би-Си.

Покрај затворската казна, инфлуенсерот треба да плати и над 1,7 милиони американски долари како надомест на две жртви на измамата.

Абас минатата година се изјасни како виновен по обвинението за перење пари, признавајќи дека се обидел да украде над 1,1 милион долари од личност која сакала да финансира ново детско училиште во Катар. Инфлуенсерот ја измамил жртвата за да обезбеди средства за училиштето, играјќи ги улогите на банкарски службеници и креирајќи лажна интернет-страница.

Во измамата биле вмешани и други осомничени, а Абас имал клучна улога во измамничката организација, соопшти американското Министерство за правда.

Покрај ова, Абас признал дека учествувал и во други измамнички шеми преу Интернет и службени адреси за е-пошта коишто предизвикале вкупни загуби од повеќе од 24 милиони долари.

„Рамон Абас таргетирал жртви и од САД и од други земји, станувајќи една од најплодните пералници на пари во светот. Абас ги искористил своите платформи на социјалните мрежи за да стекне популароност и да се пофали со огромното богатство со кое се здобил преку измамнички шеми преку Интернет и е-мејл, онлајн грабежи на банки и други кибер измами кои финансиски уништија голем број на жртви и му пружија помош на севернокорејскиот режим“, вели Дон Алвеј, помошник директор во канцеларијата на ФБИ во Лос Анџелес.

Алвеј додаде дека оваа значајна казна е резултат на долгогодишната соработка меѓу органите за спроведување на законот во повеќе земји и оти треба да испрати јасно предупредување до меѓународните измамници дека „ФБИ ќе бара правда за жртвите, без разлика дали криминалците дејствуваат во или надвор од границите на САД“.

За своите злосторства, Абас му се извинил на судијата во случајот, преку рачно напишана белешка во која вели дека ќе ги искористи своите лични средства за да им надомести на жртвите. Тој тврдел оти заработил само 300.000 долари од злосторството за кое му се суди.

Како што пишува Би-Би-Си, во 2019 година инфлуенсерот ја втурна Малта во хаос откако платните системи во земјата беа затворени по неговиот обид да испере 13 милиони американски долари украдени од банда на севернокорејски хакери преку малтешката „Банка на Валета“.

Абас своето „богатство“ го прикажувал на неговата страница на Инстаграм која броела 2,8 милиони следбеници. Неговиот луксузен животен стил заврши нагло во 2020 година, кога беше уапсен во Дубаи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

САД ќе обезбедат уште 400 милиони долари помош за Газа

САД ќе обезбедат уште 400 милиони долари помош за Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави повеќе од 400 милиони долари дополнителна хуманитарна помош за …