Палмер: Македонија би можела да стане членка на НАТО во 2020 година

Палмер: Македонија би можела да стане членка на НАТО во 2020 година

Американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер, вчера во Сараево рече дека Македонија би можела да се приклучи на НАТО до средината на 2020 година, доколку го примени Преспанскиот договор и со тоа го реши повеќедеценискиот спор со Грција.

Според него, Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО „најрано за 18 месеци“.

– Тоа е потполно реална цел – рече Палмер.

Иста порака – примена на Договорот од Преспа, па потоа зачленување – но без да наведува временски рокови, упати и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера, пред состанокот на министри од земјите-членки на Северноатлантската алијанса, кој се одржува во Брисел.

Денеска на агендата е Западен Балкан.

Палмер изрази загриженост за руското, како што кажа, „силно влијание“ во регионот на Западен Балкан, во кое е вклучено и „поткопување на напорите на Владата и институциите на Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО“.

– Не е на Русија да одлучува што Македонија може или не може да направи во однос на начинот на нејзината интеграција во европските и евроатлантските институции. Напорите да се поткопа изразената волја на граѓаните на Македонија се дестабилизирачки и му штетат на мирот и безбедноста во регионот – додаде Палмер.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Ова го правиме за да нема препишување, за да бидат резултатите пообјективни, но и за …