Папата Франциск: Историјата ја пишуваат оние личности кои немат страв својот живот да го потрошат за љубовта кон ближните

Папата Франциск: Историјата ја пишуваат оние личности кои немат страв својот живот да го потрошат за љубовта кон ближните

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, во рамки на историската посета на нашата држава, Северна Македонија, по Светата Литургија со која чиноначалствуваше на плоштадот ,,Македонија” во катедралата „Пресвето срце Исусово” оствари и екуменска и меѓурелигиска средба со заинтересираните млади од земјата и светот.

Папата Франциск ислуша сведочења на неколку млади верници од православна, муслиманска и католичка вероисповед, а потоа одговараше на прашања на младите за животните соништа, упатувајќи им пораки и советувајќи ги да ги следат своите стремежи, да комуницираат меѓусебе и да се грижат за постарите.

„Во вашите сведоштва и прашања среќавам грижи, соништа, потрага, сето тоа како еден плоден терен за правење на големи нешта во вашиот живот. Ми дава голема надеж тоа што гледам млади кои ги острануваат претходно залепените етикети и не ги поднесуваат повеќе поделбите од минатото и сегашноста и одат над тоа“, порача Светиот Отец во своето обраќање на екуменската и меѓурелигиска средба во катедралата Пресвето срце Исусово.

Неговата светост Папата Франциск се сретна и со свештениците, нивните семејства и со монахињите и монасите од Католичката црква во нашата земја.

„Не би сакал да го злоупотребам нејзиниот лик, но оваа земја му ја поклони на светот и на Црквата Мајка Тереза. Многумина беа смирени од нежноста на нејзиниот поглед, утешени од нејзината милост, ослободени од нејзината надеж и нахранети од храброста на нејзината вера способна да даде чувство на најзаборавените дека не се заборавени од Бог. Историјата ја пишуваат оние личности кои немаат страв својот живот да го потрошат за љубовта”, порача Неговата Светост Папата Франциск на средбата во Католичката црква.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …