На предлог на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, доцна синоќа со 65 гласови ЗА, Собранието на Република Северна Македонија ги избра четворицата нови министри:
- Кренар Лога, за министер кој ќе раководи со Министерството за правда;
- Фатмир Меџити, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство;
- Азир Алиу, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;
- Каја Шукова за министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во соопштението на Владата се додава дека продолжува ефикасното спроведување на реформите во интерес на граѓаните и зајакнувањето на парламентарното мнозинство по трасираниот, европскиот пат, со цел членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, како национален и стратешки државен интерес.