„Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил.
Министерството за надворешни работи палењето на бугарското знаме го оцени како штетен по угледот на државата.
„Вековна традиција не смее да биде загрозена преку активности со кои се омаловажуваат или навредуваат народи, држави, особено нашите соседи. Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Карневалот во Вевчани, чин кој не само што го нарушува реномето на Карневалот туку и нанесува штета на угледот на Република Северна Македонија,“ пишува на официјалниот фејсбук-профил на МНР.
Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, на нејзиниот фејсбук-профил објави дека амбасадорот Ангелов упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи.
„По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија, му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје да го искаже пред Владата на Република Северна Македонија, нашето силно несогласување со овој вандалски чин,“ напиша Захарева на Фејсбук.