Петков- Руски агенти работат против Договорот на Бугарија со Македонија

Петков- Руски агенти работат против Договорот на Бугарија со Македонија

Руски агенти работат против Договорот за добрососедство и подобрувањето на билатералните односи на Бугарија со Северна Македонија, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, пренесува бугарската новинска агенција БГНЕС. Тој во изјавата за медиумите посочи дека доста голема „руска дијаспора сочинета од агенти“ која се формирала во Бугарија работат на различни интереси, еден од нив е токму тоа.

Тој додаде дека рускиот интерес бил фокусиран да нема европска иднина за Западниот Балкан. Петков ваквата изјава ја даде во моментот кога се одбиваше акција на Специјалното обвинителство во Софија во зградата на САНС( Државната агенција за национална безбедност).

„Не знам дали акцијата се однесува на ова прашање, но знам дека имаме неколку такви случаи, што мене ми покажува дека некој се обидува да го промени бугарскиот интерес“ изјави Петков.

Во меѓувреме, премиерот е повикан на 4 април по втор пат во Обвинителството во својство на сведок.

„Нема од што да се плашам, јас ништо не кријам . Ме повикаа на распит, со задоволство ќе одам“ одговори тој на новинарско прашања и праша како е можно за година и пол да нема претходна истражна постапка против Васил Божков, а за само неколку дена да има акција против Асен Василев. Василев е вицепремиер во новата влада на Петков.

Премиерот додаде дека во Бугарија очигледно има организација, која , како што вели, не може да ја нарече институција, а што работи против интересите на бугарскиот народ, посочувајќи го Обвинителството.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Во Хрватска денеска (17 април) се одржуваат редовни парламентарни избори на кои право на глас …