петков

Петков – За прашањето за С. Македонија може да одлучат само бугарските пратеници

За секој предлог од ЕУ во врска со Северна Македонија ќе треба да се произнесе бугарското Собрание, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков пред почетокот на редовната владина седница. Тој рече дека Владата ќе расправа за одлуката за сите прашања поврзани со С. Македонија, како предлози од француското претседателство со Европскиот совет или од земја членка на ЕУ, да се расправа на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија.

„Секој предлог што се разликува од рамковниот став треба веднаш да се испрати до Народното собрание и да не се дава согласност додека се разговара по него. Доколку има негативна одлука, автоматски да се даде негативен одговор“, вели Петков.

Така, според Петков, ќе се избегнат какви било шпекулации за постапките што ги презема неговата Влада во врска со членство на земјава во ЕУ.

Партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов ја напушти владината коалиција во Бугарија, со што владата веќе го нема потребното мнозинство во парламентот. Тој рече дека излегува од владата поради Македонија и поради тоа што веќе нема пари.

Без партијата на Трифонов владејачката коалиција има 109 пратеници, а за мнозинство се потребни 121. Сепак, неколку пратеници од „Има таков народ“ решија да го напуштат Трифонов, но сè уште не се доволно за мнозинство.

Бугарија во 2021 година три пати одржа парламентарни избори, зашто никој немаше мнозинство за да формира влада.

Бугарија го блокира почетокот на преговори на Македонија со ЕУ со тврдење дека земјава ја краде бугарската историја и македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Расправата за Предлог-буџетот за 2025 година ќе почне на седницата која е закажана за 10 …