Петковиќ: Вучиќ побара од Србите да се повлечат од барикадите

Петковиќ: Вучиќ побара од Србите да се повлечат од барикадите

Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, на 28 декември изјави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ побарал од Србите на северот на Косово да се повлечат од барикадите. Тој додаде дека ова барање е испратено по соопштението на Соединетите Американски Држави и Европската Унија за ситуацијата на северот на Косово.

Петковиќ изјави дека „никогаш немало посилни гаранции од Соединетите Американски Држави и од Европската Унија кога се во прашање барањата на Србите“, кои тие ги поставени со цел да се повлечат од барикадите.

„По овие официјални изјави (на меѓународната заедница), претседателот на Србија Александар Вучиќ разговараше со Србите од северот повеќе од два часа и им ја презентираше содржината на овие документи и изјави, им покажа сè од што ќе имаме корист, и бараме нашиот народ да се повлече од барикадите“, рече Петковиќ на прес-конференција во Белград.

Според него најдобрата вест е дека Дејан Пантиќ е пуштен во домашен притвор. Петковиќ неговото апсење го нарече „политичка конфронтација меѓу косовскиот премиер Албин Курти и Србите од Косово“.

Апсењето на Пантиќ поттикна некои локални Срби да ги блокираат патиштата на север. Косовската полиција го приведе поради сомневањата дека тој бил вмешан во нападот врз членовите на Централната изборна комисија на северот на Косово на 7 декември.

Поради блокадите, од 10 декември се затворени две гранични точки што ги поврзуваат Косово и Србија – Јариње и Брњак. дополнително на 27 декември поради поставени барикади на територијата на Србија затворен е и граничниот пункт Мердаре. Според денешната одлука на косовскиот суд, ден по поставувањето на блокади на Мердаре, Дејан Пантиќ треба да биде префрлен во домашен притвор.

Претходно Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави изразија загриженост во заедничко соопштение поради континуираната тензична ситуација на северот на Косово. Во заедничката изјава која ја објавија денеска прес службите на САД и ЕУ се вели дека и двете страни се повикуваат на максимална воздржаност и итно да преземат мерки за безусловна деескалација на ситуацијата и да се воздржат од провокации, закани и заплашувања.

Вчера на северот на Косово беа подигнати нови барикади, едната во мултиетничката населба Бошњачка махала во Северна Митровица, а другата во Дудин Крс на мостот што ја поврзува Северна Митровица со главниот пат Приштина-Рашка, соопшти косовската полиција. Барикадата во Бошњачка Махала е прва поставена во Северна Митровица. Тие досега беа лоцирани на територијата на другите три општини со српско мнозинство на север – Звечане, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

„Ако ВМРО-ДПМНЕ повторно добие преголема моќ, ќе се соочиме со истото што го гледавме 11 …