Петра Лукароска: До 2017 година добивавме линеарни зголемувања од 500 денари, сега платите на наставниците стигнаа до 40.000 денари

Петра Лукароска: До 2017 година добивавме линеарни зголемувања од 500 денари, сега платите на наставниците стигнаа до 40.000 денари

Со септемвриското покачување на платите навистина пополека и ние професорите во средните, но и наставниците во основните училишта, доаѓаме до некои плати кои може да ги наречеме дека се заслужени бидејќи во периодот до 2017 година добиваме линерани зголемувања од по 500 денари, вели за Градска.мк, професорката Петра Лукароска од средното стручно училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп.

Таа додава дека е потребно уште да се работи и на зголемување на платите, но и на подобра организација, за да се врати целосното достоинство на професијата наставник во државата, но дека засега образовниот сектор има далеку подобри услови од периодот пред 5-6 години.

– Ако платата на професор во периодот на 2017 година била околу 22.000 денари, со последното покачување согласно Колективниот договор кој го постигна Сојузот на синдикатите заедно со Владата, платата достигнува и околу 40.000 денари доколку на сумата се додаде процент за минат труд и доколку наставникот е класен раководител. За првпат по речиси 20 години ние треба да добиеме и регрес за годишен одмор, појаснува Лукароска.

Како што додава Лукароска за Градска.мк, точни се информациите дека последен пат наставниците примиле к-15 во 2001 година и тоа во форма на прехрамбени производи, кашкавал, сувомеснати и слично, кои пак биле со краток рок на траење и во тој период буквално морало да се изедат што е можно побрзо за да не се фрлат.

После ова К-15 или регресот за годишен одмор е укинат, а за првпат наставниците и администрацијата по повеќе од две децении 13-та плата ќе добијат оваа година и тоа по 10.000 денари. Од следната регресот за годишен одмор ќе биде 30% од просечната плата.

Петра Лукароска: До 2017 година добивавме линеарни зголемувања од 500 денари, сега платите на наставниците стигнаа до 40.000 денари

– Покрај платите во изминатите години премногу се инвестира и во условите за работа не само во нашето училиште туку и во останатите училишта во земјата. Така што по 60 години нашето училиште „Ѓорче Петров“ во периодот од 2021 до април 2022 година, доби целосна реконструкција на подот, фасадата, дренажата итн. за што беа инвестирани 220.000 евра, вели Лукароска.

Таа додаде дека голем проблем за наставниците и професорите е функционирањето на СОНК -Синдикатот за образование и наука, кој само формално се бори за правата на наставниците, а во реалноста ги уценува со плаќање чланарина која изнесува 260 денари месечно, дури и по откажување на членството до истек на 3 години од зачленувањето.

Петра Лукароска: До 2017 година добивавме линеарни зголемувања од 500 денари, сега платите на наставниците стигнаа до 40.000 денари

Лукароска вели дека зачленувањето е доброволно, но сепак СОНК не дозволува толку лесно да го откажете, па дури и да им дадете изјава дека не сакате да ве застапуваат како организација, обврзани сте да плаќате месечна членарина и токму затоа голем дел од наставниците се заглавени и се трудат да излезат од оваа организација.

За шест години платите пораснаа за речиси 55 проценти

Наставниците, на почетокот на месецов, ги примија новите септемвриски плати, покачени за 15 проценти. Во периодот од 2017 до 2022 тие добија неколку покачувања по пет проценти, во мај 2022 година по двонеделниот штрајк добија покачување од 15 проценти, а во јануари 2023 година добија покачување од плус 3 проценти, Вкупното покачување на платите на наставниците во периодот од 2017 година заклучно со септември оваа година е речиси 55 проценти.

Па така, ако еден наставник во основно образование во август оваа година имал почетна плата од 29.258 денари, во септември примил плата 33.511 денари.

Раст има и кај професорите во средните училишта. Професор што за август имал почетна плата од 30.485 денари, во септември добил 34.926 денари.

Зависно од стажот на наставниците, односно од степенот на сложеност, останатите плати се повисоки, а оние кај оние наставници и професори со поголем стаж платата надминува 40.000 денари.

Тоа е далеку поголемо зголемување, од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за период од 11 години, платите во основното и средното образование биле зголемени само за четири проценти.

Извор: Градска.мк

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

„СДСМ е единствената политичка сила која има моќ, знаење, упорност и посветеност да ја внесе …